Македонските ракометари забележаа минимален триумф над Црна Гора

Од:

Македонската ракометна репрезентација вечерва ја победи Црна Гора со 25:24 во последната проверка пред настапот на Европското првенство.

Ова беше втор контролен дуел за „црвено-жолтите“ во Словенија. Во првиот пред два дена, загубија од домашната селекција.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац, иако не беа предводени на теренот од капитенот Кирил Лазаров, одиграа храбро и пожртвувано и на крајот заслужено се радуваа. Црногорците на полувреме водеа со 13:12, а Бранко Вујовиќ на крајот имаше шут за реми, но неговиот удар го одбрани голманот Николче Митрески.

На претстојниот евро-шампионат, македонскиот национален тим е во групата во Виена со Украина, Чешка и домаќинот Австрија. Првиот дуел ќе го игра на 10 јануари против украинската репрезентација.

Би можело да ве интересира

Познат изгледот на шеширите за баражите за СП 2021, С. Македонија во групата неносители

Ана Ололовска

Втора победа за македонските кадети на Медитеранските ракометни игри во Атина

Ана Ололовска

Жељко Бабиќ: Еурофарм Пелистер во полна сала подготвен за реванш против Нексе

Ана Ололовска

Никола Митревски од РК Еурофарм Пелистер најдобар битолски спортист за 2019 година

Ана Ололовска

Металург и КЛ7 најуспешни на меѓународниот ракометен турнир „КЛ7 2020“

Ана Ололовска

Претстојниот викенд КЛ 7 домаќин на меѓународен ракометен турнир

Ана Ололовска