Македонските ракометари освоија бод со Исланд и останаа први на табелата

Од:

Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 24:24 во возвратниот дуел со Исланд во квалификациите за Европското првенство 2020.

Со освоениот бод Македонија остана на првата позиција на табелата и значително ги зголеми шансите уште еднаш да се пласира на големо натпреварување.

По триумфот на гостувањето кај Исланѓаните пред пет дена, двете репрезентации одиграа уште еден драматичен и докрај неизвесен натпревар што заврши можеби со најреален исход.

Првото полувреме гостите го добија со еден гол разлика, иста предност имаа и на три минути пред крајот, потоа водеше Македонија и имаше напад за плус два, за на крајот Исланд да изедначи.

Кире Лазаров со осум, Дејан Манасков и Филип Талески со по четири погодоци беа најефикасни во нашиот состав.

На другиот дуел од 4.коло во Групата-3, Турција ја победи Грција со 26:23.

Табела: Македонија 5 бода, Исланд 5, Турција 4, Грција 2.

Би можело да ве интересира

Вардар во второто полувреме го скрши отпорот на Порто

Лига на шампиони: Несреќен пораз за Еурофарм Работник

Ана Ололовска

Алушовски: Имаме план за успех против Спортинг

Ана Ололовска

Симовски го објави поширокиот список за подготовките за квалификациите за ЕП 2020

Ана Ололовска

Вардар поразен од Кил во полуфиналето на „Супер Глоуб“

Металург меѓу десетте фаворити за освојување на ЕХФ купот