Македонската машка ракометна репрезентација денеска го започнува својот настап на квалификацискиот турнир преку кој ќе брка пласман на Олимписките игри во Рио летово.
Полска е прв противник на црвено-жолтите во олимписката квалификациска група 1 чии средби ќе се играат во полскиот град Гдањск.
Натпреварот ќе започне во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути, а претходно од 18 часот и 30 минути во првата средба ќе играат Чиле и Тунис.
Пласман на Олимпијадата во Рио ќе обезбедат двете првопласирани селекции.
Во другите две групи, во Малме и Хернинг за место на олимпијадата ќе се борат: Шпанија, Словенија, Шведска и Иран (група 2 – Малме, Шведска) и Данска, Хрватска, Норвешка и Бахреин (група 3 – Хернинг, Данска).