Македонските одбојкари ќе играат со Чешка, со Турција и со Естонија

Од:

Македонската репрезентација ги доби противниците за Европската златна лига 2020. „Спартанците“ во елитното европско натпреварување ќе играат во Ц-групата заедно со Чешка, Турција и Португалија.

Ова е тешка група, но на ова ниво лесна воопшто нема. Ние сме во кремот на одбојката и тоа е местото каде што заслужуваме да бидеме. Добро е во првиот натпревар ќе бидеме домаќини, ако успееме да победиме, тоа би бил одличен почеток. Секако дека ние не сме фаворити за влез на завршниот турнир, сепак ова не е како во сребрената лига, но имаме екипа којашто што може да направи нова историја доколку сме здрави сите. Мојот сон е три победи дома и една или две на гости, а тоа значи пласман на завршниот турнир, изјави капитенот Никола Ѓорѓиев за веб-страницата на Одбојкарската федерација на Македонија.
Во првиот меч македонската селекција ќе ја пречека Чешка, потоа гостува во Турција и Португалија. Овие три средби ќе се ориграат во мај следната година. Возвратните натпревари се закажани за јуни 2020 година.

Завршниот турнир со победниците од четирите групи ќе биде одигран викендот на 20 и 21 јуни во Белгија. Финалистите ќе обезбедат пласман во ФИВБ Челенџер купот и ќе имаат шанса да се борат за настап во Лигата на нации во 2021. зс/

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски

Позната одбојкарка пронајдена мртва, паднала од прозорец на хотелска соба