Македонските кошаркари против Словачка ќе имаат поддршка од публиката

Од:

Натпреварот од претквалификациите за Мундобаскет 2023, Македонија – Словачка, ќе се игра со присуство на гледачи. Капацитетот на салата во СЦ„ Јане Сандански“, ќе биде ограничен на 30% од максималниот. Дојдете да им дадеме максимална поддршка на момците! – стои во денешното известување на кошаркарската федерација.

Одлуката на КФСМ, е во согласност со добиените препораки на државните и здравствените власти.

Натпреварот е закажан за утревечер од 19 часот и на него ќе можат да присуствуваат околу 2.000 македонски фанови.

Од КФСМ апелираат на стриктно почитување на официјалните здравствени протоколи кои важат на територијата на целата земја.

Секој присутен гледач во салата на СЦ „Јане Сандански“, ќе мора да има заштитна маска, и да држи пропишано растојание помеѓу седиштата во салата.

Влезот за овој натпревар ќе биде слободен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски

Драма во Словачка по телефонска закана: Ќе го повторам масакрот од Прага

Момче скокна од покривот на училиштето, мајка му гледала: Го малтретирале девојчињата од одделението

Предраг Петровиќ

Фицo именуван за премиер на Словачка, положи заклетва