Македонските кошаркари домаќини на две европски првенства во младински категории

Од:

Раководството на ФИБА на денешното генерално Собрание во Сараево и ја додели на Македонската кошаркарска федерација организацијата на две европски младински натпреварувања во наредната календарска година, по едно во машка и во женска конкуренција.

На КСФМ и е доделена организацијата на Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 16“ години, кое е предвидено да се одржи во периодот од 12. до 20. август 2022 година.

Кадетите се единствена младинска категорија во која македонската репрезентација е во „А“ дивизијата, откако се пласира на тоа натпреварување во 2018 година, на шампионатот во Сараево, а следната година го одбрани своето место со освојувањето на деветтата позиција во Удине.

Македонската федерација уште во 2020 година требаше да биде домаќин на овој шампионат, кој тогаш не се одржа поради пандемијата од коронавирусот, а годинава затоа што Европската кошаркарска федерација одлучи, место турнири, да се играат незадолжителни „Челенџер“ турнири.

Освен кадетското ЕП во машка, КФСМ ја доби и организацијата на Европското првенство Б-дивизија во женска конкуренција, за кошаркарки „Под 20“ години, што треба да се одржи од 9. до 17. јули 2022 година.

Би можело да ве интересира

Бајиќ: Шпанците нè „прочитаа“

Ана Ололовска

Бајиќ: Јас сум човек оптимист, верувам во она што го работам

Ана Ололовска

Македонските кошаркарки загубија од Германија во квалификациите за женскиот Евробаскет 2023

А1он

Промоција на документарниот филм „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо”.

А1он

Документарниот филм „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо“ премиерно овој викенд

Ана Ололовска

Промоција на документарниот филм „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо“

Ана Ололовска