Македонските кадетки во меч против Швајцарија на ЕП во Скопје

Од:

На Европскиот шампионат за ракометарки до 17 години што се одржува во Скопје, денеска ќе биде комплетирано второто, а воедно ќе стартува и третото коло.

Откако вчера нашите млади ракометарки немаа можност да ги покажат своите квалитети бидејќи нивните противнички од Грција решија да го напуштат теренот, денеска избраничкитр на селекторката Јулијана Дамчевска практично ќе го имаат својот прв настап.

Противникчки на нашите кадетки ќе бидат нивните врснички од Швајцарија која веќе оствари една победа.

Средбата, Македонија – Швајцарија ќе се игра во терминот од 17 часот, дедека вториот меч од денешната програма во А групата во кој требаше да играат Фарски Острови и Грција, нема да се игра поради суспендирањето на селекцијата на Грција.

Двојките во Б групата се: Израел – Косово и Бугарија – Идсланд.

Сите натпревари се играат во СРЦ „Кале“.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ