Македонските јуниори поразени од Бугарија на одбојкарската Балканијада

Од:

Македонката одбојкарска репрезентација го претрпе првиот пораз на Балканското јуниорско првенство во Приштина, откако попладнево во рамки на второто коло загуби од фаворитот за титулата Бугарија со 0:3 (19:25, 11:25, 16:25).

Откако вчера го совладаа домаќинот Косово, македонските репрезентативци немаа сили за посилен отпор против Бугарија, која целосно доминираше во натпреварат, препуштајќи им на „црвено-жолтите“ само 46 поени.

Денешниот пораз значи дека избраниците на селекторот Ванче Санев значително ги намалија шансите за злато, но сè уште се во игра за медал на турнирот.

Бугарија и Турција се водечки репрезентации на табелата со по две победи, македонската и црногорската репрезентација имаат половичен биланс 1:1, а Албанија и Косово се без триумф.

Утрешната пресметка со Црна Гора ќе биде решавачка за тоа дали македонските одбојкари ќе се најдат на пиедесталот на младинскиот шампионат, чиј домаќин е Приштина.

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски

Позната одбојкарка пронајдена мртва, паднала од прозорец на хотелска соба