Македонските академки одиграа нерешено со Будуќност

Од:

Селекцијата на Спортската академија на Македонија одигра нерешено 22:22 на отворањето на Младинската регионална лига против соодветниот тим на Будуќност од Подгорица.

Се играше изедначено во текот на целата средба во спортската сала „Верде“ во Подгорица, со неколку промени на водството, а на полувреме се замина со изедначени 11:11. Предводени од расположената Леонида Гичевска, македонските ракометарки одржуваа неизвесен резултат и во текот на второто полувреме, за со погодокот на Јана Калајџиевска во самата завршница, да ги постават конечните 22:22.

Гичевска со 9 погодоци беше прв стрелец во нашиот состав, а Калајџиевска и Гајиќ додадоа по 3 голови. Стрелци на по два гола беа Николиќ, Граматова и Тасевска, додека во листата на стрелци се запиша и Трајковиќ со 1 погодок.

Тимот предводен од Јулијана Дамчевска попладнево го игра и вториот меч во Младинската регионална лига кој почнува од 17 часот, а противник ќе биде тимот на Крим.

Утре, за крај на турнирот, ќе се сретнат Будуќност и Крим.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска