Македонската репрезентација до 18 години ремизира со Израел на вториот контролен натпревар

Од:

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години одигра 3:3 против врсниците од Израел на вториот пријателски натпревар одигран на гостински терен.

„Црвено-жолтите“ водеа со 2:1, но на крајот се спасуваа од пораз откако Методи Максимов го даде голот за 3:3 во 75. минута.

Израел поведе со 1:0 уште во втората минута, но македонската репрезентација преку Леон Игњатов во 10. минута израмни на 1:1. Игњатов постигна ефектен гол од слободен удар. Веќе во 20. минута Миран Салији носи водство за нашата селекција од 2:1.

Во второто полувреме, Израел направи пресврт со головите во 48. и 60. минута, но позитивен резултат за македонските фудбалски надежи донесе Методи Максимов со погодокот за 3:3 во 75. минута.

Првиот дуел меѓу двете селекции заврши со убедлива победа од 3:0 за Израел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат