Македонската делегација од Светскиот куп во боречки вештини се врати со 38 медали

Од:

Македонија со 18 спортисти од академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ настапи на Светскиот шампионат во боречки вештини кој и годинава се одржа во Сер, Грција.

Тимот кој ја претставуваше Република Македонија броеше 18 спортисти кои се натпреваруваа во борби и демонстрации во техники на самоодбрана и музички форми со традиционално оружје.

Спортистите од Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола за три дена на Светскиот шампионат во боречки вештини во Сер се врати со успех од 28 титули Светски шампион – златни медали – 9 Светски вицешампиони или носители на сребрен медал и едно трето место.

– Тимот кој ја претставуваше Република Македонија за три дена освои 38 медали што за настан од ваков обем е нешто што ја заслужува секоја почит. Она што сум благодарен е што домаќинот Република Грција имаше традиционално топол и домаќински пречек за Македонија и спротивно од сите предрасуди мошне чести се фотографиите каде спонтано или по успех на пиедесталот гордо се “истакнуваа” знамињата на двете држави.” – истакна Златко Неделковски, шеф на Македонската делегација.

На Светскиот куп учествувале преку 800 спортисти од над 30 држави.

Би можело да ве интересира

„ЗА НЕД ДО“ стартуваше со подготовка за претстојните Светски купови

Ана Ололовска