Македонија У-17 на два тест дуела со Романија

Од:

Македонската репрезентација до 17 години ќе одигра два контролни натпревара против романските врсници во Букурешт на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Романија.

Натпреварите ќе се одиграат утре и на 19 јуни.

Селекторот Боби Стојкоски за овие тест дуели повика 18 фудбалери од кои очекува да ја оправдаат неговата доверба.

– Овие два натпревара против Романија се исклучително важни за нашата репрезентација, противникот е многу квалитетен и ќе ни даде јасна слика за тоа колкави се нашите во квалификациите во октомври на Кипар кога играме против домашната репрезентација, Англија и Франција. Ова е вистински тест за формата во која се наоѓаме. Се надевам дека напредуваме и ќе одиграме квалитетно, изјави Стојкоски.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска