Македонија со деби настап на Јуниорско Гран При во уметничко лизгање

Од:

Македонскиот претставник Ангела Прилепчанска учествуваше на првенство од светски ранг ISU Junior Grand Prix што се оддржа во Загреб од 26 до 30 септември 2017 година, соопшти денеска Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија.

– Ова е голем настан за нас како Федерација која пред неполни три месеци стана членка на Меѓународната федерација за лизгање ISU (http://www.isu.org) и пред се голем настан за Македонија која за прв пат има преставник во уметничко лизгање на вакво првенство, се посочува во соопштението.

Од Федерацијата за лизгачки спортови истакнуват дека Прилепчанска во рамките на овој натпревар настапила во кагегоријата „Junior Ladies” (Јуниорки) со кратка програма и слободно лизгање, по што следело конечно бодување и рангирање во рамките на Светската Јуниорска листа за уметничко лизгање-жени.

– Настапот е голем поттик и мотивација и за сите 30-тина лизгачи кои се натпреваруваат и учествуваат на меѓународни и национални натпревари, а сега имаат можност и да го споделат искуството кое ни го донесе нашата претставничка, се вели во соопштението од Федерацијата за лизгачки спортови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шчербакова го освои златото во уметничко лизгање

А1он

ВИДЕО: Трусова направи историски подвиг, па во солзи изјави дека се откажува

А1он

ВИДЕО: Лизгачката која несакајќи ги покажа градите на последните Олимписки игри, сега освои златен медал

А1он

Поранешниот селектор на Франција во уметничко лизгање обвинет за силување на шест репрезентативки

Жарко Настоски

Магија на мраз денеска и утре во Скопје

Ана Ололовска

Скопје домаќин на меѓународен турнир во уметничко лизгање

Ана Ололовска