Македонија сеуште без претставник на Олимпијадата

Од:

Кајакарот Атанас Николовски, не успеа во својот обид да дојде до олимписка виза на Европското првенство во Аусбург, Германија. Николовски се пласира само на 53. место во дисциплината K1 и не успеа да влезе ни во полуфиналето.

Се се помали шансите да имаме претставник на Олимписките игри во Лондон.

Нашата држава досега секогаш имала претставници со постигнати олимписки норми на Игрите на кои настапила како независна држава.

До почетокот на Олимпијадата во Лондон има уште 73 дена. Шанси за постигнување олимписки норми, барем теоретски, имаме уште во пливањето, стрелаштвото и во кошарката. Борачите, кајакарите, ватерполистите, ракометарите не ги искористија своите шанси.

За нас остануваат т.н. пропусници единствено за пливачите Марко Блажевски и Симона Маринова, како и за уште двајца атлетичари.

Стрелачката Надица Апостоловска би можела да дојде до норма за ЛОИ на претстојниот натпревар во Минхен на 21. мај, но поради проблеми во Македонската спортска стрелачка федерација, не е пријавена да учествува во својата дисциплина 10 метри воздушна пушка.

Kошаркарите со успех на квалификацискиот турнир за ЛОИ најмногу би ја израдувале македонската спортска јавност. Македонската кошаркарска репрезентација ќе учествува на турнирот во Венецуела од 2 до 8 јули и ако забележи пласман до 3. место од 12 екипи, ќе обезбеди настап на ЛОИ. Досега Македонија немала претставник на ЛОИ во екипните спортови.

Нациите од опкружувањето на Македонија главно имаат спортисти со постигнати норми за ЛОИ 2012. Албанија засега има квалификувано петмина кревачи на товар. Од Србија се квалификуваа над 80 спортисти во 13 спорта. Грција има спортисти во 15 спорта, слична е состојбата и во Бугарија, која квалификува спортисти во 13 спорта. Словенците засега успеаја да се квалификуваат во 11 спорта, Хрватите се квалификуваа во 16 спорта, Босна и Херцеговина има квалификанти во два спорта.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он