Македонија против Данска во групната фаза на СП во ракомет

Од:

Европскиот првак Данска ќе биде еден од противниците на македонската репрезентација на Светското ракометно првенство кое од 11 до 27 јануари идната година ќе се одржи во Шпанија. Ова е исходот по денешното извлекување во Мадрид, по кое Македонија ги доби противниците во групата „Б“.

Покрај Данска, кокуренти на нашите ракометари за едно од четирите места кои водат во осминафиналната фаза ќе бидат и селекциите на Исланд, Русија, Катар и Чиле. Град домаќин на натпреварите од оваа група ќе биде Севиља.

Во Гранољерс ќе се играат средбите од „А“ групата во која се: Франција, Германија, Аргентина, Тунис, Црна Гора и Бразил.

Домаќин на групата „Ц“ ќе биде градот Сарагоса, во кој ќе играат репрезентациите на: Србија, Словенија, Полска, Кореја, Белорусија и Судиска Арабија.

Шпанија како домаќин одлучи натпреварите да ги игра во главниот град Мадрид. Покрај Шпанците во групата „Д“ се и репрезентациите на Хрватска, Унгарија, Алжир, Египет и Австралија.

Би можело да ве интересира

Данецот Ларсен прв професионален ракометар со коронавирус

Предраг Петровиќ

ИХФ ги одложи ракометните квалификации за Олимписките игри

Aleksandar Petrovski

Македа: Вардар ни должи многу пари

А1он

Гедбан заминува од Вардар, потпиша со Адемар Леон

Ана Ололовска

Алушовски потврди: Ристовски ќе игра за Вардар

СП 2025: Најдобрите ракометари пристигнуваат во Хрватска, Данска и Норвешка!

А1он

Leave a Comment

one × two =