Репрезентацијата на Чешка е противникот на Македонија во баражот за Светското ракометно првенство што во 2017 година треба да се игра во Франција.
Чесите во баражот се пласираа по успешните претквалификации, во група со Белгија и со Турција.
Баражот ќе се игра во периодот од 10 до 12 јуни и седум дена подоцна, а Македонија реваншот ќе го игра на домашен терен.
Двојките од денежната жрепка за баражот на Мундијалот 2017 се:
Шведска – Босна и Херцеговина,
Чешка – Македонија,
Полска – Холандија,
Русија – Црна Гора,
Србија – Унгарија,
Исланд – Португалија,
Словенија – Норвешка/Хрватска,
Белорусија – Летонија и
Данска – Австрија.