Македонија по најтешкиот пат во баражот, полуфинале против Италија

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Денешниот ждреб во Цирих одреди полуфинален противник на Македонија да биде актуелниот европски првак Италија, а во евентуалното финале „црвено-жолтите“ ќе играат против победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

Македонската репрезентација полуфиналето на 24. март следната година ќе го игра во гости. Евентуалното финале нашиот тим би го играл на гостински терен.

Македонија обезбеди место меѓу 12-те селекции кои преку бараж ќе се борат за настап на Светското првенство откако за првпат во историјата заврши едни мундијалски квалификации како второпласирана во групата, веднаш зад неприкосновената Германија.

Евентуалниот пласман на Светското првнество ќе биде прв за нашиот национален тим на мундијалите. Минатот лето македонската репрезентација првпат беше дел од Европско првнество.

Би можело да ве интересира

Македонија со одлична група во Лигата на нации: Ќе играме против Ерменија, Фарски Острови и против Летонија

Реми во Скопје: Македонија-Англија 1:1

Фудбалерите заминаа за Малта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија ремизираше со европскиот шампион

Катерина Ѓуровски

Милевски објави список со 29 имиња: Двајца дебитанти, Радески е повратник, во тимот е и Чурлинов