Македонија ќе игра за трофејот во одбојкарската Сребрена лига

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра во финалето на Сребрената лига откако во драматичното полуфинале на завршниот турнир кој се одржува во Струмица со 3-2 во сетови ја победи Хрватска.

Решавачкиот петти сет, македонските одбојкари го добија со 15-12. Претходно, Хрватите беа доминантни во воедниот сет кој им припадна со 15-25, нашиот тим израмни добиавјќи го вториот сет со 25-19 и поведе со 2-1 откако беше подобар во третиот сет од 25-22. До израмнување на 2-2 во сетови и до битка во петтиот сет, Хрватите дојдо добивајќи го четвриот сет со 21-25.

Капитенот Никола Ѓорѓиев повторно беше прво име во нашиот тим со 23 поени, додека одличен беше и Александар Љафтов со 14 поени.

За Македонија ова ќе биде трет обид да дојде до златото во Сребрената Европска лига, откако претходно на двапати во 2015 и 2016 година ги губше финалните пресметки.

Противник во утрешното финале на нашите најдобри одбојкари ќе им биде селекцијата на Данска која во вториот полуфинален дуел ја совлада Унгарија со 3-1 во сетови. Нашиот нацонален тим против Данците одигра два дуела во групниот сегмент. И двете селекции имаат по една победа од по 3-0 во сетови.

Би можело да ве интересира

ЕП: Турција пресилна за македонските одбојкари

Ана Ололовска

Македонските одбојкари денеска против фаворитот Турција на ЕП

Ана Ололовска

Македонските одбојкари вечерва против Финска го отвораат ЕП

Ана Ололовска

Николов: Размислуваме само на Финска

А1он

Македонските одбојкари со пораз од Црна Гора се оддалечија од медал на јуниорската Балканијада

Ана Ололовска

Македонските одбојкари со победа ја почнаа Балканијадата во Косово

Ана Ололовска