Македонија кандидат за домаќин на европските ракометни шампионати

Од:

Македонија е еден од најсериозните кандидати за организација на голем ракометен настан, како што се завршницата на Европските првенства во машка или женска конкуренција.

Како што информира Европската ракометна федерација (ЕХФ) преку својата официјална интернет страна, Ракометната федерација на Македонија е еден од апликатите за добивање на организација на Европските првенства во двете конкуренции.

Имено само РФМ поднела четири кандидатури за организација на Европските првенства во машка и женска конкуренција во 2022 и 2024 година.

Против кандидати на РФМ за машкиот шампионат 2022 година се: Литванија, односно како ко-организатори Русија и Белорусија, но и ко-организација на три земји и тоа Белгија, Шпанија и Франција со една кандидатура и другата на Чешка, Унгарија и Словачка.

За истата година (2022) само РФМ искажува интерес и за Европското првенство за жени додека за шампионатот во 2024 година против кандидат на Македонија ќе биде Русија.

Кандидатура за ЕП за мажи 2024 година покрај Македонија имаат доставено и Германија, Литванија, заедничка на Данска и Швајцарија и тројната на Чешка, Унгарија и Словачка.

ЕХФ информираше дека сите апликации мора да бидат испратени најдоцна до 1 ноември 2017 година, по што ќе следи инспекција на стартот од 2018, за во април 2018 година и официјално да бидат објавени имињата на земјите кои ќе бидат домаќини на Европските првенство за мажи и за жени во 2022 и во 2024 година.

Потсетување дека Македонија досега неколкупати беше успешен организатор на Европски шампионати во младите категории, но само еднаш беше домаќин на сениорско првенство и тоа за жени во 2008 година.

Би можело да ве интересира

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

Белорусија ќе ја пречека Швајцарија во Србија

Словенките ја исфрлија Србија, Хрватска со последниот шут до реми со Швајцарките

Германците си поигруваа, но не ја испуштија големата предност

Грците ќе го имаат Јанис Адетокумбо за осминафиналната пресметка на Евробаскет

Тројца судии суспендирани од ЕП