Македонија ја победи Малта во продолжението на прекинатиот меч

Од:

Тениската репрезентација на Македонија ја постигна првата победа (2:1 против Малта) во Третата Европска зона од Дејвис купот откако претпладнево во продолжението на прекинатиот меч во двојки оствари триумф. Македонската комбинација Димитар Грабул и Шендрит Деари ги победија со 2-0 во сетови (7:5 и 7:5 во гемови) Метју Асциак и Омар Судзука.

Инаку, мечот беше прекинат вчера поради дожд во првиот сет при резултат 4:4 во гемови. Македонија поведе со победата на Грабул, а Малта изедначи откако Томислав Јотовски го загуби вториот сингл меч.

Според програмата Македонија денеска треба да одигра и меч од 2.коло во Созопол. Противник ни е селекцијата на Исланд, која вчера ја совлада Молдавија со 2:1. За Македонија во сингл мечевите ќе настапат Грабул и Јотовски, а почетокот е предвиден во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ