Македонија ја победи фаворизираната Литванија во кошарка

Од:

И со вториот тим, без Антиќ, Гечевски, Илиевски и Меккејлеб, македонските кошари ги совладаа Литванците. Подмладената репрезентација го совлада домаќинот со 78—74 кошеви.

На наша страна беше младоста и полетот, и покрај неколкуте грешки, а Литванците потфрлија во шутевите. Прв стрелец на мечот со 22 постигнати кошеви е Војдан Стојановски, а 19 кошеви постигна центарот Предраг Самарџиски.

Таму беа одиграни воведните две контролни средби во рамките на подготовките за настап на олимпискиот квалификациски турнир во Венецуела.

Новиот селектор, се радува на победата и вели дека е заслужена. Македонија во поголемиот дел на мечот имаше водство над фаворизираните Литванци.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ