Македонија домаќин на турнир на кој ќе гостуваат Бугарија, Јапонија и Босна и Херцеговина

Од:

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија од 2 до 4.јуни ќе биде домаќин на турнир и покрај нашата селекција ќе настапат уште репрезентациите на Бугарија, Јапонија и на Босна и Херцеговина. Ова воедно ќе биде деби на новиот селектор на „сениорките“ Марјан Лазовски на клупата на Македонија.

Женската репрезентација е пријавена за квалификациите за Евробаскетот 2019, а натпреварите на турнирот ќе бидат подготовки за тие настапи.

Според распоредот на натпреварите на 2.јуни (петок) ќе играат: Босна и Херцеговина – Јапонија (почеток 18 часот) и Македонија – Бугарија (почеток 20 часот).

На 3.јуни (сабота) двојките се: Бугарија – Босна и Херцеговина (18 часот) и Македонија – Јапонија (20 часот) и на 4.јуни (недела): Бугарија – Јапонија (18 часот) и Македонија – Босна и Херцеговина (20 часот).

Натпреварите ќе се играат во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он