Женската ракометна репрезентација на Македонија вечер од 19 часот ја пречекува Србија во натпревар од второто квалификациско коло за пласман на ЕП Франција 2018.
„Црвено-жолтите“ во првото коло загубија на гостувањето во Шведска со 38:26, но покажаа напредок во играта, посебно во офанзивниот дел, па со поцврста одбрана може да се надеваат на подобар резултат.
Србинките во првата рунда беа убедливи против Фарски Острови (36:20) и како фаворит влегуваат на денешната средба.
Натпреварот ќе се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје, а влезот за посетителите ќе биде слободен.