Македонците од Мала Преспа и Голо Брдо ќе го бодрат ФК „Вардар“

Од:

Навивачката група „Комити” на фудбалскиот клуб Вардар изготви две знамиња со имињата на Мала Преспа и Голо Брдо во боите на Вардар, јави весникот „Македониум”.

– Во соработка со единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, знамињата им се предадени на Македонци со потекло од Мала Преспа и Голо Брдо кои што живеат и студираат во Скопје, и ќе ги носат со себе на сите натпревари каде што ќе играат фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар, наведува весникот.

Додава дека деновиве од навивачката група „Комити”, знамињата ги добиле активисти на МАЕИ предводени од членот на Извршниот комитет на партијата, Јани Колефски.

– При таа прилика заедно се дружеа и навиваа за фудбалскиот клуб Вардар, наведува „Македонија”.

Би можело да ве интересира

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он

Муцунски: Вардар и Комити добиваат нов спортски терен во Аеродром, поддршката за клубот продолжува и во иднина

Бугарската Фондација не се откажува: Вардар не искористи, влегуваме во Втора или Трета лига со 120.000 евра

Орце Костов

ЛДП: ФК Вардар е симбол на државата, затоа ја поздравуваме поддршката на политичките партии за клубот

ЛДП обезбеди финансиска поддршка на ФК Вардар во Град Скопје