Мајами со прв пораз годинава на домашен терен

Од:

Лос Анџелес Лејкерс го нанесоа првиот пораз на Мајами Хит сезонава на домашен терен, откако ги победија со 113:110.

За победниците Ентони Дејвис запиша 33 поени, додека Леброн Џејмс додаде 28, и за малку се размина со „трипл-дабл“. Џејмс реализираше 12 асистенции и 9 скокови, додека Дејвис запиша 10 скока за Лејкерс.

Тимот има 23 победи на 26 натпревари и го зголеми својот клупски рекорд на 13 последователни успеси како гостин. По осми пат оваа сезона, „езерџиите“ стигнуваат двоцифрена разлика во резултатот, а Мајами претрпе пораз на домашен терен во 12 натпревари.

Џими Батлер беше водечки стрелец за домашната екипа со 23 поени, Дерик Џонс додаде 17, Кендрик Нан остана со 16, а уште тројца од нивниот тим завршија со двоцифрени број на поени.

Резултати од НБА:

Орландо – Хјустон 107: 130
Филаделфија – Њу Орлеанс 116: 109
Мајами – Лос Анџелес Лејкерс 110: 113
Атланта – Индијана 100: 110
Чикаго – Шарлот 73:83
Мемфис – Милвоки 114: 127
Јута – Голден стејт 114: 106
Минесота – Лос Анџелес Клиперс 117: 124
Сакраменто – Њујорк 101: 103

Лидери во одделни дивизии:

Источна конференција
Атлантик дивизија: Филаделфија – 20 победи / 7 порази
Централна дивизија: Милвоки – 23/3
Југоисточна дивизија: Мајами – 18/7

Западна конференција
Северозападна дивизија: Денвер – 15/8
Пацифик дивизија: Лос Анџелес Лејкерс – 23/3
Југозападна дивизија: Далас – 17/7

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа