Кошаркарите на Мајами Хит изборија пласман во големото финале во НБА лигата, откако финалната серија на Истокот ја добија со 4:2. Шестиот меч од серијата против Индијана, Мајами го реши со 117:92 со што уште еднаш потврди дека е најдобриот тим на Истокот.
Мајами, четврти пат последовно избори пласман во големото финале, што им има успеано само на најтрофејните тимови ЛА Лејкерс и Бостон Селтикс. Последен пат ваква низа имаше Бостон во периодот од 1984 до 1987 година.
Крис Бош и Леброн Џејмс со по 25 поени го предводеа Мајами до победата. На спротивната страна се издвои Пол Џорџ со 29 поени и осум скока.
Противник на Мајами во серијата за шампионската титула, ќе му биде победникот од финалето на Западот каде Сан Антонио против Оклахома води со 3-2.