Кошаркарите на Мајами се на наоѓаат на една победа до пласман во финалето на Источната конференција, бидејќи ноќеска го победија Бруклин на негов терен со 102:96 и повеоа со 3-1 во победи, додека Портланд ја постигна првата победа (103:92) во серијата против Сан Антонио.
Првиот играч на шампионот Мајами, Леброн Џејмс постигна за него рекордни 49 поени во плеј- офот со шут од игра 16 погодени од 24 обиди.
Со победа во следниот натпревар на домашен терен Мајами ќе се пласира во конференциското финале.
На вториот дуел ноќеска Портланд првпат се радуваше над триумф над ланскиот финалист Сан Антонио со 103:92.
Најефикасен беше Дамиан Лилард со 25 поени. Следниот натпревар се игра на теренот на Сан Антонио, кој има предност од 3-1 во победи.
Вечерва се играат два натпревара од НБА плеј-офот: Индијана – Вашингтон (3-1 победи) и Оклахома Сити – ЛА Клиперс (2-2).