Екипите на Мајами и на Сан Антонио кои лани играа во финалето на НБА лигата се на чекор до повторување на тој резултат откако по ноќешните победи се изборија за конференциско финале.
Мајами во натпреварот број 5 го победи Бруклин со 96:94 и со вкупни 4-1 во добиени натпревари обезбеди пласман во финалето на Источната конференција. Најефикасни кај победникот беа Леброн Џејмс со 29 поени и Двејн Вејд со 28, додека Џое Џонсон со 34 поени беше најпрецизен.
Сан Антонио со убедливи 104:82 го совлада Портланд за вкупни 4-1 (победи).
Вечерва се играат дуелите: Вашингтон – Индијана (2-3 победи) и ЛА Клиперс – Оклахома Сити (3-2). Мајами во финалето на „Исток“ ќе игра со подобриот од дуелот Индијана – Вашингтон, а Сан Антонио во финалето на „Запад“ го очекува подобриот од дуелот Оклахома Сити – ЛА Клиперс.