Екипите на Мајами и на Сан Антонио ја искористија предноста на домашниот терен и во конференциското полуфинале поведоа со 2-0 во добиени натпревари. Ноќеска и на вториот дуел пред својата публика овие два тима славеа победи над Бруклин односно Портланд.
Шампионот Мајами го победи Бруклин со 94:82 (15:21; 30:25; 24:21; 25:15). Добрата одбрана на домашните беше решавачка за триумфот откако противникот во два периода постигна по 15 поени. Леброн Џејмс со 22 поена беше најефикасен, а ова е осма победа во серија за Мајами во плеј офот.
Сан Антонио славеше победа над Портланд со 114:97 (29:28; 41:25; 17:20, 27:26). Во победничката екипа дури седум играчи имаа двоцифрен број поени.
Вечерва се играат натпреварите Вашингтон – Индијана (1-1 во победи) и ЛА Клиперс – Оклахома Сити (1-1).