Луксуз во спортско пакување: Лексус ЛС 500 Ф Спорт

Од:

На саемот на автомобили во Њујорк „Лексус“ ја претстави спортската верзија на својата топ лимузина.

Моделот „Лексус ЛС 500 Ф Спорт“ е наменет за оние кои од оваа престижна лимузина сакаат да добијат повеќе спортски дух, како во поглед на дизајнот, така и во самото возење.

Веќе на прв поглед се истакнуваат деталите на каросеријата што на автомобилот му даваат динамичен изглед, како што се црните украсни елементи на предниот браник, аеродинамичните додатоци на ексклузивните 20 инчни алу фелни.

Верзијата „Лексус ЛС 500 Ф Спорт“ е достапна во две погонски варијанти, со конвенционален бензински мотор и со хибриден систем.

Првиот модел силата ја добива од 3,5 твин-турбо В6 агрегат, со 415 кс, додека вториот е опремен со комбинација на бензински и два електромотора, а вкупната сила на погонскиот систем изнесува 354 кс.

Во чистата бензинска варијанта моторот е поврзан со десетбрзински автоматик, силата се пренесува на задните тркала, а автомобилот од 0 до 100 километри на чаc забрзува за само 4,5 секунди.

Освен козметичките спортски додатоци, „Лексус ЛС 500 Ф Спорт“, исто така, има и унапредени запирачки и спортски приспособено воздушно потпирање.

Оние кои ќе се одлучат за хибридната верзија ќе добијат нешто послаб, но економичен автомобил, што покрај 3.5-литарскиот В6 бензинец има и два електромотора и литијум-јонска погонска батерија.

Преносноит систем е нешто посложен и се состои од комбинација на четирибрзински автоматик и ЦВТ менувач. Овој двоен менувач може да работи и во мануелен мод, кога дава десет степен пренос. Хибридниот „Лексус ЛС 500 Ф Спорт“ од место до стотка стигнува за сосема задоволителни 5,4 секунди.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска