Лукаку: Мурињо не успеа во Јунајтед затоа што не ги доби играчите што ги сакаше

Од:

Престојот на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед беше неуспешен затоа што Португалецот не ги доби играчите што ги посакуваше, посочи белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку.

Напаѓачот на Интер беше запрашан во интервју за „Скај Спортс“ кој беше тренерот кој ги искористил најдобро неговите квалитети: „Роберто Мартинез, Роналд Куман и сега Антонио Конте. А што се однесува до Жозе Мурињо – ако му беа обезбедени играчите кои тој ги сакаше, ќе бевме далеку подобри отколку што бевме“.

– Морам да го споменам и Стив Кларк, кој ми даде можност да играм во Премиер лигата само на 19-годишна возраст. Ќе се вратам кај мојот прв тренер во Андерлехт – Ариел Јакобс. Тој ми даде шанса на само 16 години. Тој ме повика од училиште да се приклучам на првиот тим и веднаш ме пушти на теренот. Овие се сите тренери кои ја освоија мојата почит засекогаш. Јас сум отворен човек, но на крајот на краиштата, јас сум професионален фудбалер. Јас го правам тоа што тренерите ме замолуваат да го сторам. Досега сум немал проблеми со кој и да е, тоа ја покажува мојата желба да работам, вели Белгиецот.

Лукаку потпиша со Јунајтед среде мандатот на Мурињо и замина за време на Оле Гунар Солскјер. 26-годишниот напаѓач изјави дека донел одлука да си замине многу пред договорот со Интер, едноставно затоа што сметал дека „црвените ѓаволи“ тргнале по поинаков пат, од посакуваниот од него

– Минатата година беше тешка за мене од чисто професионално гледиште затоа што работите не функционираа така како што сакав и не играв особено добро. Требаше да ја пронајдам причината и на крајот проценив дека време е да ги сменам работите. Донесов одлука да го напуштам Јунајтед околу март. Имав состанок со менаџерот и му реков дека сакам да си заминам. Не настапував добро и не играв толку често. Добро беше и двете страни да се разделат. Тоа беше вистинската одлука. Во тоа време, Јунајтед сакаше да наметне помлади играчи. Мислам дека и двете страни заработија од договорот, додаде Лукаку.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска