Лукаку: Ми треба тренер како Конте

Од:

Напаѓачот на Интер, Ромел Лукаку по победата над Милан (2:0) во мечот од четвртото коло на италијанскиот шампионат му оддаде признание на тренерот на тимот Антонио Конте.

– Мојата врска со Конте е многу силна, бидејќи тоа е тренер кој навистина ми помага. На 26 години ми треба тренер кој помага секој ден и дава мотивација. Јас сум многу среќен што сум тука и работам со него, изјави Лукаку.

Овој натпревар е многу важен за нас, но ние продолжуваме со тешкиот распоред, ни следува дуел со Лацио. Задоволни сме со трите бода ан дербито со Милан. Во Лигата на шампионите играта со Славија беше тешка, но ние бевме добро подготвени за оваа средба и одговоривме соодветно. Не сакам да зборувам за титулата сега, само што почна првенството, додаде Лукаку.

Интер по четири кола во Серија А има максимални 12 бода.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска