Лукаку: Конте пред сите ми рече дека сум ѓубре

Од:

Ромелу Лукаку, кој летото се пресели од Манчестер јунајтед во Интер, истакна дека тренерот Антонио Конте го мотивирал за подобри партии во дресот на „нероазурите“. По лошиот вовед, Белгиецот нанижа 18 погодоци за „сино-црните“ од „Џузепе Меаца“ и се трансформира во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.

– Игравме против Славија Прага во Лигата на шампионите. Тогаш Конте пред сите во соблекувалната ми рече дека сум ѓубре и дека ќе ме повлече од игра по пет минути ако продолжам слабо. Тоа ме разбуди. Веќе наредниот меч против Милан, го имав еден од моите најдобри настапи, изјави Лукаку.

Интер моментно е втор во италијанскиот фудбалски шампионат, со четири бода помалку од лидерот Јувентус.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска