Лука Савичевиќ нов играч на МЗТ Скопје

Од:

Еден од најталентираните македонски кошаркари Лука Савичевиќ, е нов член на екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

– Со неговото доаѓање ја потврдуваме заложбата за ангажирање на сѐ што во перспектива е квалитетно и вредно во макбаскетот, со цел тие да бидат светла иднина не само на нашиот клуб туку и на кошаркарскиот спорт во државата, велат од МЗТ Скопје.

Станува збор за 18-годишен играч висок 190 сантиметри, кој изминативе две ипол години настапуваше во Шпанија. Тој во февруари годинава се најде на поширокиот список на селекторот на сениорската репрезентација, Александар Тодоров, како уште еден доказ за неговиот квалитет и огромна перспектива.

Савичевиќ следната сезона ќе настапува во Првата лига и тоа во дресот на МЗТ Скопје Уни Банка, каде што ќе работи со новиот тренер Борче Даскаловски, кој од него очекува да се наметне како еден од лидерите на овој млад и екстра талентиран состав.

– Прволигашкото искуство сигурно ќе биде од исклучително значење за него, уште повеќе што ќе игра претежно со врсници со кои веќе има настапувано во националните селекции, стои во соопштението на „сино-белите“ од Аеродром.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он