Лука Модриќ ја освои „Златната топка“

Од:

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери го објави во својот Твитер профил пласманот по освоени поени за „Златната топка“.

Победник е хрватската ѕвезда Лука Модриќ, кој ја освои највредната индивидуална фудбалска награда со 753 поени.

Кристијано Роналдо, петкратниот добитник на наградата е втор со 476, а третото место е за светскиот првак Антоан Гризман, кој освои 414 поени. Во топ 10 се Килијан Мбапе, Лионел Меси, Мохамед Салах, Рафаел Варан, Еден Азар, Кевин де Бруин и Хари Кејн. Со ова се става крај на доминацијата на Роналдо и Меси, кои беа на врвот во последните десет години.

Малку потоа листата излезе и на страната на мадридскиот весник „АС“, каде исто така објавија дека Модриќ е носител на „Златната топка“ за 2018 година.

Би можело да ве интересира

Пеп Гвардиола: Тешко е да се предвидат тактиките на Зидан

А1он

Тренерот на Јувентус: Да сакаа да ме отпуштат, ќе се знаеше до сега

А1он

Од следната сезона, во Премиер лигата се враќа правилото на три измени

А1он

Фановите од септември се враќаат на трибините во Германија

А1он

Навивачите на Челзи незадоволни од новиот дрес на тимот

А1он

Серија А ќе започне на 19 септември

А1он