Луис за Арсенал: Можев да изберам многу поудобна опција, да заработам пари и да живеам мирно

Од:

Дефанзивецот Давид Луис изјави дека решил да се пресели од Челзи во градскиот ривал Арсенал затоа што имал потреба од нов предизвик.

– Јас сум полн со амбиција, затоа и се решив на овој трансфер. Ми се допаѓаат новите предизвици, новите работи. Ми дава кислород и мотивација. Можев да изберам многу поудобна опција, да заработам пари и да живеам мирно. Сите знаат дека бев среќен во Челзи, со кого освоив многу трофеи. Имав искрен разговор со (менаџерот) Лампард и стана јасно дека имавме различни визии за сезоната. Па така најдоброто нешто за обете страни беше да покажеме почит и да се разделиме, изјави Бразилецот, кој забележа 248 натпревари со 18 голови и 12 асистенции на „Стемфорд Бриџ“.

Со Челзи, бразилскиот централен дефанзивец еднаш ја освои титулата во Англија во 2017 и трофејот во Лигата на шампионите во 2012, како и ФА Купот во 2012 и во 2018 и Лигата на Европа во 2013 и во 2019.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска