Луис го напушта Атлетико, се враќа дома

Од:

Бекот на Атлетико Мадрид Филипе Луис, следната сезона нема да игра во Шпанија, кариерата ќе ја продолжи дома, во Бразил.

Луис, осум сезони беше еден од најважните членови на генерацијата на тренерот Симеоне, која била најуспешна во историјата на клубот. Го освоил шампионскиот наслов, купот, два пати Лига Европа, два Суперкупа на Европа и две финалиња на Лигата на шампионите.

Овој 33-годишeн фудбалер освен во Атлетико играл и во Депортиво и Челзи, па така, по 14 сезони поминати во Европа, се враќа во Бразил каде што веќе е претставен како иден член на Фламенго.

– Чувство кое се пренесува од колено до колено, од татко до син, од дедо до внук. Дојде денот кога се исполни мојот сон од детството, изјави Луис по потпишувањето за новиот клуб.

Би можело да ве интересира

Тите заминува и не може да се помири: Шутнаа само еднаш

ВИДЕО: Бразил е во осминафинале, со триумфот над Швајцарија одигра и за Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски