Луческу го презеде Динамо Киев

Од:

Искусниот романски тренер, Мирчеа Луческу (75) го предводеше Шахтјор цели 12 години. Со клубот од Доњецк, тој беше „кошмар“ за Динамо од Киев сите тие сезони.

И тогаш, четири години откако го напушти Шахтјор и епизодните во рускиот Зенит и селекцијата на Турција, тој реши да седне на клупата на украинскиот фудбалски гигант.

– Мирчеа е еден од најдобрите тренери во светот. Се надевам дека благодарение на него, ќе ги оживееме победничките традиции на Динамо, и дека тој и екипата ќе освојат многу трофеи, а навивачите ќе го ценат за резултатите. Му посакувам среќа, рече претседателот на Динамо, Игор Суркис.

За време на ерата на романскиот тренер, Шахтјор освои дури седум национални титули, шест Купови, го освои украинскиот Суперкуп седум пати, а клубот од Доњецк го крена Купот на УЕФА (денешната Лига Европа) со него на клупата во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна