ЛШ: Порто го совлада Јувентус, гостински триумф на Борусија во Севиља

Од:

Порто со предност од 2:1 ќе патува на реваншот против Јувентус на деветти март во Торино, во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а победа во првиот натпревар од нокаут фазата вечерва обезбеди и Борусија Дортмунд, триумфирајќи над Севиља на гостински терен со 3:2.

Португалскиот шампион стигна до победата со голови во воведните минути на двете полувремиња, преку Мехди Тареми (2) и Муса Марега (46), пред Федерико Кjеза во 82 минута да ги зголеми шансите на Јувентус за евентуален пласман во четвртфиналето.

Како и на мечот во Порто, и Борусија Дортмунд на гостувањето кај Севиља испушти предност од два гола во финишот на мечот.

Домаќините поведоа преку Сусо (7), но Борусија направи целосен пресврт до крајот на полувремето, предводена од двојниот стрелец Ерлинг Халанд (27, 43), откако претходно Махмуд Дахуд го израмни резултатот, во 19 минута. Лук де Јонг во 84 минута ги постави конечните 2:3.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат