Лошите вести за Солскјер немаат крај: Погба аут од дербито со Ливерпул

Од:

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе го пропушти дербито во Премиер лигата против Ливерпул и најверојатно ќе биде на теренот на почетокот на ноември, објави „Дејли мејл“.

„Црвените ѓаволи“ ја започнаа новата кампања многу лошо, а по осум рунди се само на два бода од зоната за испаѓање, регистрирајќи го најлошиот старт во последните 30 години.

Ливерпул е лидер во пласманот со 24 поени. Двете екипи ќе се сретнат на 20 октомври на „Олд Трафорд“. Јунајтед ќе мора да се справи без својот клучен играч, кој нема да може да се опорави од повредата на десната нога.

Францускиот играч од средниот ред, кој се опоравува во Дубаи, ќе ги пропушти и натпреварите против Партизан од Лига Европа, Норвич од Премиер лигата и Челзи од Лига Купот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска