Лоренцо ги посочи четворицата фаворити за титулата во МотоГП

Од:

Хорхе Лоренцо призна дека не се смета за фаворит за титулата во 2019 година, но посочи четири пилоти, за кои тој верува дека се способни да станат шампиони. Трикратниот шампион во кралската класа се подготвува за својата прва сезона со Хонда, но за жал се повреди во тренинг во зима, поради што почетокот на сезоната може да биде тежок за него.

Според Лоренцо, неговиот нов тимски колега, Марк Маркез, кој се опоравува од операцијата на рамото, ќе сретне тежок отпор, додека се обидува да ја одбрани титулата од 2018 година. Шпанецот смета дека во 2019-та, дуото на Јамаха – Валентино Роси и Маверик Вињалес ќе биде голем фактор во челото, а Андреа Довициозо со моќниот мотор на Дукати ќе биде главен кандидат за титулата трета година по ред.

– Како што секогаш сум велел, во МотоГП сè е можно, но се разбира, треба да бидеме и реални. Недостатокот на подготовка и мојата повреда ќе ја отежнат презентацијата во Катар, а најверојатно и во наредните две или три трки. Нашата цел е да се подобри уште малку машината. Во оваа фаза не сметам дека сум меѓу фаворитите за претстојната сезона. Има други пилоти како Марк заедно со Довициозо, Валентино и Вињалес, прокоментира Лоренцо.

На првиот предсезонски тест во 2019 година доминираше Дукати, но Јамаха, исто така, го демонстрираше своето подобрување и по сеизгледа ја надмина кризата со која се соочуваше тимот.

Би можело да ве интересира

Ридско-брзинска трка викендов на Водно

Ана Ололовска

Маркес ја освои Големата награда на Каталонија

Ана Ололовска

Втора победа за Мартин Делев на втората трка на TWINGO CUP

Ана Ололовска

Тимот 71 заедно со Христијан Бузалковски настапија на Европскиот интернационален шампионат Алпе Адриа

Ана Ололовска

Виктор Давидовски ја започнува втората сезона во ТЦР Европа

Татјана Ташкова

Renault sport го носи првиот Twingo CUP во Македонија

Ана Ололовска