ЛОИ 2020: Мечка се појави во близина на стадионот пред натпреварот во софтбол Јапонија – Австралија

Од:

Пред мечот во софтбол Јапонија – Австралија на Летните олимписки игри во 2020 година во Токио, во близина на стадионот беше видена мечка.

Полициски службеник го забележал животното на кое набрзо му се изгубила трагата.

Подоцна се покажа дека црна азиска мечка била видена во паркот близу стадионот и претходниот ден. Сите чувари кои работеле во таа област биле испратени во потрага по животното, но мечката не била пронајдена. Чуварите вклучиле гласна музика, организирале и огномет за да го исплашат ѕверот, но залудно.

Појавата на мечки во градовите во Јапонија не е невообичаена. Дивите животни често напаѓаат луѓе. На пример, пред еден месец, кафеава мечка нападна минувач и војник во Сапоро, каде што ќе се одржи маратонот во Токио 2020 година. Двајцата се хоспитализирани со повреди.

Би можело да ве интересира

Дочекот на Георгиевски утре во 19:30 часот на скопскиот плоштад

Ана Ололовска

Тренерот на Георгиевски се откажа од наградата и побара средствата да му се доделат на медалистот

Ана Ололовска

ОИ: Блажевска-Еминова 40-та во квалификациите на 100 метри слободно

Ана Ололовска

Стојоски: Имам голема чест да настапувам под македонското знаме на Олимписките игри

Ана Ололовска

ВИДЕО: Тенисерката Бадоса во инвалидска количка изнесена од теренот, поради топлотен удар не го заврши четвртфиналето во Токио

Ана Ололовска

Ѓоковиќ го комплетира списокот со четвртфиналисти на Олимписките игри

Ана Ололовска