Ливерпул запиша победа на Саутемптон

Од:

Ливерпул оствари тешка победа од 2:1 на гостувањето кај Саутемптон на „Сент Мери“ и екипата по првите две кола има целосна предност од шест бода.

Садио Мане му донесе предност на тимот од „Мерсисајд“ со феноменален гол во самиот финиш на првото полувреме, а Фирмино го удвои резултатот во 71 минута.

Почесниот гол за домаќините го постигна Ингс во 83 минута по грешка на Адријан. „Светците“ можеа дури и да се изедначат, но Ингс промаши веднаш по неговиот погодок.

Така, екипата на Јирген Клоп продолжи со добрте игри во последно време, бидејќи тимот играше одлично за „Комјунити Шилд“, иако загуби на пенали, а исто така играше силно и против Челзи за Европскиот Суперкуп и на стартот од Премиер лигата против Норвич .

Ова е 11-та последователна победа за Ливерпул во Премиер лигата и тимот го израмни рекордот за најголем број успеси по ред во елитата на Англија.

Резултати од Премиер лигата:

Арсенал – Барнли 2:1
Астон Вила – Борнемут 1:2
Брајтон – Вест хем 1:1
Евертон – Ватфорд 1:0
Норвич – Њукасл 3:1
Саутемптон – Ливерпул 1:2.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска