Фудбалерите на Ливерпул, против Кристал Палас, водеа со 3:0, а на крај одиграа 3:3, резултат со кој најверојатно ја загубија титулата.
‘Црвените’ со ова реми дојдоа во неввозможна позиција, по пауза од 24 години да ја освојат шампионската титула, бидејќи на врвото имаат само бод повеќе од Манчестер Сити кој има и натпревар помалку.
Ливерпул, цели 80 минути имаше целосна контрола врз играта и резултатот, а со головите на Ален, Стариџ и Суарез имаше предност од три гола. Потоа Ливерпул тргна да ја поправа гол разликата што го чинеше победа на овој меч.
Кристал Палас преку Дилејни и двојниот стрелец Гајл, во периодот од 79-та до 88-та минута стигна до 3:3, со што најверојатно му ги уништи шампионските сништа на Ливерпул.
Ливерпул во последното коло ќе го пречека Њукалс, додека Манчестер Сити во среда ќе игра со Астон Вила, а потоа во последното коло против Вест Хем.