Ливерпул со 14-та последователна победа во Премиер лигата

Од:

Ливерпул забележа 14-та последователна победа во Премиер лигата, откако со 3:1 го совлада Њукасл на „Енфилд“.

Џетро Вилемс изненадувачки го отвори резултатот во седмата минута, но пред паузата тимот од Мерсисајд го ​​сврти резултатот со два гола од Садио Мане.

Во второто полувреме Мартин Дубравка направи серија одлични одбрани, но капитулираше по трет пат во 72-та минута кога Мохамед Салах го оформи конечниот резултат.

По дуелот, „црвените“ се пет бода пред шампионот Манчестер Сити, кои гостуваат во Норвич во доцниот натпревар од денешната програма.

Би можело да ве интересира

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски