Ливерпул по Балотели се засилува и со Ето

Од:

Вицешампионот на Англија, Ливерпул е еден од најактивните тимови во овој преоден рок. „Црвените“ од Енфилд донесоа неколку засилувања, а на чекор се потпишат договори и со напаѓачи, кои би требало да го заменат Луис Суарез, кој замина во Барселона.

Во текот на вчерашниот ден Ливерпул го договори преминот на Марио Балотели од Милан и се очекува денеска трансферот  да биде официјализиран. Ако тоа се случи Балотели ќе може да игра во понеделник во дербито против шампионот и негов поранешен тим Манчестер Сити.

Покрај Балотели и репрезентативецот на Камерун, Самуел Ето е ново потенцијално засилување на „Енфилд“ откако Ето прифатил да игра за 93 илјади фунти неделна плата плус бонуси. Последниве денови имаше гласини дека Евертон и Ајакс имаат интерес да го донесат Ето во своите редови. Ето минатата сезона играше за премиерлигашот Челзи.

Ако дојде до реализација на двата трансфера, Ето и Балотели по вторпат ќе играат во ист клуб, откако претходно настапуваа во Интер.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска