Ливерпул нуди 22 милиони за Балотели

Од:

Премиерлигашот Ливерпул денеска и официјално испрати понуда вредна 22 милиони евра до Милан за трансфер на напаѓачот Марио Балотели, јави телевизијата „Медиасет“.

Како што е наведено, менаџер на „Црвенаите од Енфилд“ сака во своите редови да го види италијанскиот репрезентативец кој има искуство од играње во Англија, бидејќи бил член на Манчестер Јунајтед. Балотели треба да го наследи Луис Суарез кој замина во Барселона.

Исто така, се проценува дека на почетокот на официјалните преговори Ливерпул ќе мора да ја подигне понудата, бидејќи Милан не сака да разговара за ослободување на Супер Марио за сума под 25 милиони евра.

Балотели кариерата ја почна во Интер, а потоа во 2010 година отиде во Манчестер Сити, клуб со кој ја освои Премиер лигата. Во јануари 2013 година се врати во Милано, но овој пат како играч на Милан.

За италијанскиот националниот тим одиграл 33 натпревари и постигнал 13 гола.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска