Лидерот Ливерпул загуби од Челзи со 2:0 во еден од најважнот за нив натпревар сезонава во Премиер лигата и му дозволи на конкурентот Манчестер Сити да биде во предност во борбата за титулата.
Токму „граѓаните“ од Манчестер вечерва во последниот натпревар од 36.коло во Премиер лигата со победата од 2:0 на гостувањето кај Кристал Палас се најдоа во преден план за освојување на трофејот, најмногу поради подобрата гол-разлика од конкурентите.
Третиот кандидат за трофејот е Челзи кој со денешната победа се врати во трката, но избраниците на Жозе Мурињо ќе треба во последните две кола да надополнат два бода.
Резултати на деветте завршени натпревари од 36.коло на Премиер лигата: Саутемптон – Евертон 2:0, Фулам – Хал 2:2, Стоук – Тотенхем 0:1, Свонси – Астон Вила 4:1, Вест Бромвич Албион – Вест Хем 1:0, Манчестер Јунајтед – Норвич 4:0, Сандерленд – Кардиф 4:0, Ливерпул – Челзи 0:2 и Кристал Палас – Манчестер Сити 0:2.
Утре колото ќе го комплетираат Арсенал и Њукасл.
Табела: Ливерпул 80 бодови (36 натпревари), Челзи 78 (36), Манчестер Сити 77 (35), Арсенал 70 (35), Евертон 69 (36),..