Ливерпул и ПСЖ се пласираа меѓу најдобрите осум тима во Лигата на шампионите

Од:

Ливерпул со две победи од по 2:0 го елиминираше вечерва Лајпциг во осминафиналната пресметка во Лигата на шампиони (ЛШ), а пласман меѓу осумте најдобри екипи во елитното клупско натпреварување обезбеди и Пари Сен-Жермен (ПСЖ), одигрувајќи 1:1 на домашен терен против Барселона.

Предноста од 4:1 од првиот натпревар, францускиот првак ја зголеми во 31 минута преку Килијан Мпабе од пенал, а Барселона израмни шест минути подоцна со фантастичен гол на Лионел Меси од преку 30 метри.

Капитенот на каталонскиот тим во последната минута од првото полувреме можеше да донесе целосен пресврт, но Кејлор Навас го одбрани неговиот удар од белата точка. Претходно, на средина од полувремето Барселона, која целосно доминираше на теренот, пропушти уште една голема шанса, кога Сержињо Дест ја погоди само гредата од голот на ПСЖ.

Барселона продолжи да доминира на теренот и во второто полувреме, но Навас беше несовладлив на голот на ПСЖ.

Ливерпул на неутрален терен во Будимпешта со головите на Мохамед Салах во 70 минута и на Садио Мане четири минути подоцна по втор пат триумфираше над Лајпциг и со вкупен резултат од 4:0 обезбеди четвртфинале во Лигата на шампиони.

Пласман во четвртфиналето први во вторникот обезбедија Борусија Дортмунд и Порто.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ