Ливерпул и Мидлсброу шутираа по 15 пенали за пласман во 4.коло од Лига купот

Од:

Во рамките на 3.коло од англискиот Лига куп на „Енфилд“ екипите на Ливерпул и Мидлсброу по 2:2 во 120 минути шутираа 15 серии пенали за на крајот премиерлигашот Ливерпул да обезбеди пласман во следната рунда откако пеналите завршија 14:13.

Ова воедно беше рекордна серија пенали во ова натпреварување откако претходно во три наврати резултатот бил 9:8.

Во текот на натпреварот Ливерпул водеше двапати. Најпрвин 17-годишниот дебитант Џордан Роситер донесе водство за „црвените“ во 10.минута. На 1:1 изедначи Адам Рич во 62.минута. Во продлженијата двата гола беа постигнати во второто. Ливерпул преку Сусо поведе со 2:1 во 109.минута, а Патрик Бамфорд изедначи на 2:2 во 120.минута од пенал.

Во серијата пенали кај Ливерпул промаши Рахим Стерлинг (одбрани Блекмен), а кај Мидлсброу Бамфорд (одбрани Мињоле) и Адома (го промаши голот).

На другите натпревари од 3.коло беа постигнати следниве резултати: Арсенал – Саутемптон 1:2, Кардиф – Бурнемонт 0:3, Дерби – Ридинг 2:0, Лејтон Ориент – Шефилд Јунајтед 0:1, Милтон Кејнс – Брадфорд 2:0, Шревсбери – Норвич 1:0, Сандерленд – Стоук 1:2, Свонси – Евертон 3:0 и Фулам – Донкастер 2:1.

Вечерва се играат натпреварите: Бартон – Брајтон, Челзи – Болтон, Манчестер Сити – Шефилд В., Тотенхем – Нотигем, Кристал Палас – Њукасл и ВБА – Хал.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска